|
СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ
На барање на
учесниците фестивалот може да организира екскурзии до разни
дестинации.
Организациониот одбор
со задоволство ќе Ви понуди добар и интересен план за да можете да
ги истражувате убавините на Охрид.
Организацијата и
информациите се бесплатни но превозот,влезниците за музеи и
туристички водич се плаќаат.За учесниците на Фестивалот обезбедени
се специјални цени со голем попуст.
ШТО ДА СЕ ВИДИ
Охрид - 7000 години цивилизација на едно
место
Охрид - лулка на духовноста и словенската
писменост
Охридското езеро
- едно од најстарите во светот
Охридската котлина -
прекрасна природа и планини
 
ШТО ДА СЕ ПРАВИ
Да
се истражува културата,историјата и природата во Охрид
и во околината - Струга ,
Манастирот Св.Наум ,Националниот
парк на природата Галчица и многу други места
Да
се ужива во пливањето на некоја од прекрасните плажи со бежичен
пристап до интернет и кафулиња
Да
се ужива во забава на плажа, во дискотека или во некој од многуте
кафулиња дење или ноќе
Да
ја пробате традиционалната македноска кујна и да го почуствувате
ритамот на македонската традиционална музика

 |