ОДБЕРИ ЈАЗИК

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ВО ОХРИД

ОХРИДСКИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

2009


ОХРИДСКИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

2008

СМЕСТУВАЊЕ

ПАТУВАЊЕ

АКТИВНОСТИ

КОНТАКТИ


АПЛИКАЦИЈА

 

 

 


ТАБЕЛА - ПЛАНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

                 ОСНОВНИ ПРАВИЛА 2009

 

  1. Охридскиот хорски фестивал во 2009 година ќе се одржува во периодот 27-31 Август во Охрид, Република Македонија.

 

  1. Право на учество имаат сите хорови и воклани групи кои ќе се пријават најкасно до 1 Мај 2009. За да се пријават заинтересираните треба да испратат пополнета пријава, кратка биографија, фотографија од хорот и диригентот и аудио снимка преку пошта или емаил.

 

Апликацијата може да се превземе тука.

 

  1. Во случај на голем број пријавени уметничката комисија на фестивалот ќе направи селекција врз основа на доставените материјали и ќе ги објави учесниците на фестивалската веб страница www.ohridchoirfestival.com, најкасно до 5 Мај 2009.

 

  1. Одбраните хорови треба да уплатат неповратен депозит (Фестивалски трошок) од 610 денари (10 евра) по учесник на Фестивалскат сметка најдоцна до 20 Мај и со тоа да го потврдат своето учество.

 

  1. Фестивалот ќе се одвива во пет делови:

-          Прв дел     -  Настапи на отоворено 

-          Втор дел    -  Натпревар

-          Трет дел     -  Фолклорна музика

-          Четврт дел -  Црковна музика

-          Пети дел    -  Поп-музика

 

  1. Сите хорови мора да настапат најмалку во два дела на фестивалот. Првиот дел на фестивалот- "настапи на отворено" е задолжителен за сите хорови а вториот треба да биде избран од хорот. Доколку сакаат хоровите можат да настапат и во повеќе од два делови на фестивалот..

 

  1. Опис на фестивалските делови

 

Прв дел

Настапите на отворено подразбираат слободна програма од 20-30 минути која ќе се изведува на неколку локации на отворено пред случајна публика.

 

Втор дел

Настапот во натпреварувачкиот дел подрабира програма од 15-20 минути. Хоровите ќе бидат рангирани од екпертско жири,  а првонагерадените хорови  ќе настапат на завршниот концерт на фестивалот каде ќе се натпреваруваат за Гранд При на фестивалот. Програмата е слободна, но се препорачува да содржи дела од различни стилови на хорската музика од кои најмалку една композиција од македонски автор. Се препорачува една до две композиции да бидат со инструментална придружба, а другите да се изведуваат акапела.

     

Натпреварувачкиот дел ќе се одвиваа во три главни категории

-                      Категорија А - детски хорови 

( 2/3 од членовите да не се постари од 15 години)

-                      Категорија Б  - младински хорови

(2/3 од членовите да не се постари од 25 години)

-                      Категорија Ц - хорови од возрасни

(2/3 од членовите да не се помлади од 25 години)

 

Во случај на голем борој пријавени учесници ќе бидат воведени и поткатедории.

 

-                      Б1 мешани младински хорови,

-                      Б2 еднородни младински хорови.

-                      Ц1 мешани хорови од возрасни,

-                      Ц2 еднородни хорови од возрасни 

 

Трет дел

Фолклорниот концерт е  ревијален дел на фестивалот. Програмата што ќе се изведува треба да е составена од хорски обработки на народни мелодии или мотиви и треба да трае од 7 до 12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).

 

Четврт дел

Концерт на црковна музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од црковни дела и да трае од 7 до 12 минути.

 

Пети дел

Концертот на поп музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од хорски аранжмани на поп композиции и треба да трае од 7-12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).

 

  1. Со самото пријавување хорот се согласува да ги даде сите права на фестивалот да ги употребува сите материјалите снимени за време на фестивалот.

 

  1. Организацискиот комитет го задржува правото да прави нужни измени.