ОДБЕРИ ЈАЗИК

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

ВО ОХРИД

ОХРИДСКИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

2009


ОХРИДСКИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

2008

СМЕСТУВАЊЕ

ПАТУВАЊЕ

АКТИВНОСТИ

КОНТАКТИ

 

 

 ДОБРЕДОЈДОВТЕ

 

Во прекрасниот бајковит стaр град Охрид,

покрај сликовитото Охридско езеро,

допрете ја историјата,

почуствувајте го ритамот на модерниот живот,

запливајте во кирстално-синoто, топло езеро,

пробајте ја храната со извонреден вкус,

наполнете ги очите со убавина,

срцето со добра воља

и

З А П Е Ј Т Е  ! ! !

ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ИМ ПОСАКУВА ДОБРЕДОЈДЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Добредојдовте во Охрид - Балканскиот Ерусалим,градот кој зрачи со духовност и инспирација

Охрид, градот на културата и културно-историското наследство, градот познат ширум светот по своите природни убавини и прекрасното Езеро, градот кој заради своите знаменитости и особености со право е ставен во Регистарот на заштитени светски вредности на УНЕСКО.

Се разбира, не се тоа само вредности и препознатливости наследени низ историјата или стекнати со текот на времето како ангажман на генерациите пред нас.Тука се вбројуваат и низа вредности кои се создаваат сега и се дело на овие , претежно млади, генерации бидејќи Охрид е жив град и современ центар кој секојдневно се развива и прераснува во светски поскаувана дестинација.

Една од вредностите кои денес ги има Охрид и со кои со право може да се гордее е несомнено Охридскиот хор. Младите хористи под диригентската палка на својот раководител м-р Александар Димоски успеаа за кусо време, но со макотрпна и секојдневна работа, да се вбројат во афирмираните хорови во Македонија и надвор од неа. Со своите интерпретации и бројни успешни настапи на разни натпревари и фестивали во земјите на Европа, хорот се потврди како вистински презент на Охрид и Македонија.

Ние денес со право се гордееме што имаме таков хор и свени сме дека неговите нстапи се она најдоброто што може да го афирмира Охрид како град на културата и уметноста. Таквото успешно презентирање на Охрид во светот на хорското пеење овозможи, благодарение на Охридскиот хор, ние како град да бидеме домаќини на меѓународен хорски фестивал што ќе се одржува во Август.

Да се биде домаќин на таков настан е вистинска чест и таа треба да се заслужи и оправда. Охридскиот хор ја доби нашата доверба за таквата организација, а ние како Град и лично јас како Градоначалник ќе се заложиме максимално да ја опрвдаме дадената довреба.

Ќе бидеме добри домаќини на хоровите од светот и верувам дека тоа ќе биде настан кој долго ќе го паметат хористите кои ќе гостуваат во Охрид. Во тоа име, уште сега можам да им порачам на сите ним дека ќе ни биде мило да им го искажеме своето гостопримство и дека ќе бидат секогаш добредојдени.

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ 

Градоначалник на Охрид