Добредојдовте

ОХФ 2010

Правила
Сместување
Патување
Активности
Контакт

Пријатели и поддржувачи

Archives

 

 ОСНОВНИ ПРАВИЛА

 

Периодот за пријавување за ОХФ 2010 е завршен. Наскоро ќе биде отворено пријавувањето за ОХФ 2011.

  1. Охридскиот хорски фестивал се одржува на крајот од август во Охрид, Република Македонија.

 

  1. Право на учество имаат сите хорови и вокални групи кои ќе се пријават најдоцна до 1 Мај. За да се пријават заинтересираните треба да испратат пополнета пријава, кратка биографија, фотографија од хорот и диригентот и аудио снимка преку пошта или емаил.

 

  1. Во рок од 15 дена по добивањето на пријавата Фестивалот ќе даде мислење во однос на учеството преку е-пошта. Имињата на сите учесници ќе бидат објавени на фестивалската веб страница www.ohridchoirfestival.com откако рокот за пријавување ќе заврши, но не подоцна до 5 Мај.

 

  1. Доколку пријавата на хоровите е прифатена тие треба да се уплатат неповратен депозит (Фестивалски трошок) од 610 денари (10 евра) по учесник на Фестивалската сметка најдоцна до 20 Мај и со тоа да го потврдат своето учество.

 

  1. Фестивалот ќе се одвива во пет делови:

 

  Прв дел Настапи на отворено
  Втор дел Натпревар
  Трет дел Фолклорна музика
  Четврти дел Црковна музика
  Петти дел Поп музка

 

  1. Сите хорови мора да настапат најмалку во два дела на фестивалот. Првиот дел на фестивалот "настапи на отворено" е задолжителен за сите хорови а вториот треба да биде избран од хорот. Доколку сакаат хоровите можат да настапат и во повеќе од два делови на фестивалот.

 

  1. Опис на фестивалските делови

 

Прв дел

Настапите на отворено подразбираат слободна програма од 20-30 минути која ќе се изведува на неколку локации на отворено пред случајна публика.

 

Втор дел

Настапот во натпреварувачкиот дел подрабира програма од 15-20 минути. Хоровите ќе бидат рангирани од екпертско жири,  а првонагерадените хорови  ќе настапат на завршниот концерт на фестивалот каде ќе се натпреваруваат за Гранд При на фестивалот. Програмата е слободна, но се препорачува да содржи дела од различни стилови на хорската музика од кои најмалку една композиција од македонски автор.

Бидејќи се настојува програмата да биде претежно вокална, ќе се дозволи една или најмногу две композиции да бидат со инструментална придружба, но кои заедно нема да траат подолго од 5 минути.

     

Натпреварувачкиот дел ќе се одвиваа во три главни категории

            Категорија А - детски хорови 

                    (2/3 од членовите да не се постари од 15 години)

            Категорија Б  - младински хорови

                    (2/3 од членовите да не се постари од 25 години)

         Категорија Ц - хорови од возрасни

                    (2/3 од членовите да не се помлади од 25 години)

 

Доколку хорот според возраста на своите членови се наоѓа на граница меѓу две категории треба да се пријави во категорија по сопствен избор.

 

 

Во случај на голем борој пријавени учесници ќе бидат воведени и подкатедории.

 

                     

Трет дел

Фолклорниот концерт е ревијален дел на фестивалот. Програмата што ќе се изведува треба да е составена од хорски обработки на народни мелодии или мотиви и треба да трае од 7 до 12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).

 

Четврти дел

Концертот на црковна музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од црковни дела и да трае од 7 до 12 минути.

 

Петти дел

Концертот на поп музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од хорски аранжмани на поп композиции и треба да трае од 7-12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).

 

  1. Со самото пријавување хорот се обврзува да ги почитува и регулира авторските права на композициите кои ги изведува и се согласува организаторот да ги употребува  материјалите снимени за време на фестивалот.

  2. Информациите кои се однесуваат на учесниците се обезбедуваат од самите учесници и  Фестивалот не презема одговорност за нивната вистинитост. (на пример: името на хорот, името на местото и земјата која хорот ја претставува, имињата на композициите и композиторите  кои ги изведува и т.н.)

  3. Организацискиот одбор го задржува правото да прави нужни организациски измени кои нема да се однесуваат на зголемување на планираните трошоци или воведување дополнителни трошоци за хоровите.

 
   

 

 

Пријава

(пријавувањето за
ОХФ 2010 е затворено)

 

Трошовник

 

 

Македонски хорски дела

 

   


Охридски хорски фестивал, Питу Гули 152, 6000 Охрид, Република Македонија

+389 70 836 696, ohridchoirfestival@yahoo.com

Развој: Александар Ѓорески