Добредојдовте

ОХФ 2010

Правила
Сместување
Патување
Активности
Контакт

Пријатели и поддржувачи

Archives



 СМЕСТУВАЊЕ

 

опис на опциите за сместување:

 

 

Опција 1 - Сместување во камп

 

Сместување во камп (приколки). Четворица во една приколка - приколките имаат два двојни кревети. Заеднички тоалети и тушови. Во кампот има голем ресторан каде се организираат оброците. Кампот има сопстевна плажа и е опкружен со убава природа. Оддалечен е 2 километри од центарот на градот.

 

Спиење со доручек 5 евра* по човек дневно
Полупансион 10 евра по човек дневно

Полн пансион

15 евра по човек дневно

 

  

Опција 2 - Сместување во хостел

 

Сместување во хостел. Тројца или четворица во соба. Има бања со тоалет во секоја соба. Има ресторани во објектите каде се организираат оброците, лоцирани се блиску до езерото. Повеќето од хостелите се наоѓаат во центарот на градот. Подобрите хостели се лоцирани подалеку од центарот и имаат сопствени плажи.

 

Спиење со доручек

15 евра по човек дневно

Полупансион

20 евра по човек дневно

Полн пансион

25 евра по човек дневно

 

 

Опција 3 - Сместување во хотел со три ѕвезди

 

Хотели со солидни услови. Ги исполнуваат сите стандарди за хотели со 3 ѕвезди. Двајца или тројца во соба. Има бања со тоалет во секоја соба. Се наоѓаат на плажа или многу блиску до плажа, но одалечени се од градот неколку (3-5) километри. Опкружени се со убава природа.

 

Спиење со доручек

25 евра по човек дневно

Полупансион

30 евра по човек дневно

Полн пансион

35 евра по човек дневно

 

 

Опција  4 - Сместување во хотел со четири ѕвезди

 

Хостели со луксузни услови. Ги исполнуват сите стандарди за хотели со 4 ѕвезди. Двајца или тројца во соба. Се наоѓаат многу блиску до езерото и имаат сопствена плажа. Во хотелите има неколку ресторани и продавници. Опкружени се со убави паркови и спортски терени.

Првите хорови што ќе се пријават за оваа опција ќе бидат сместени во хотелот Инекс Горица. Обично во овој хотел се одржуваат натпреварувачките, фолк и поп концертите.

 

Спиење со доручек

35 евра по човек дневно

Полупансион

45 евра по човек дневно

Полн пансион

55 евра по човек дневно

 

 

Опција 5 - Сместување во хотел со пет ѕвезди

 

Хотели со многу луксузни услови. Ги исполнуваат сите стандарди за хотели со пет ѕвезди. Двајца или тројца во соба. Се наоѓаат многу блиску до езерото и имаат сопствена плажа. Во хотелите има неколку ресторани и продавници. Нудат и други содржини како сауна, казино и слично, а имаат и анаимациски програми. Опкружени се со убави паркови и спортски терени.

 

Спиење со доручек

45 евра по човек дневно

Полупансион

60 евра по човек дневно

Полн пансион

75 евра по човек дневно

 

 

___________________

 

 

Сите сместувачки капацитети (хотели, хостели и кампови) се лоцирани блиску до езерото. Повеќето се на првата линија до брегот и имаат сопствени плажи. Сите располагаат со паркинг и нудат коплетна услуга - не треба да се носат перници, чаршави и слично. 

 

Понудените цени одговараат на услугата што се добива. Доколку претпочитате полуксузно сместување Ви препорачуваме да ги разгледате опциите 3, 4 и 5.

 

Сите хорови кои ќе учествуваат на Охридскиот хорски фестивал треба да планираат сместување со најмалку 3 односно 4 ноќевања. Ако сакаат учесниците можат да останат во Охрид и подолг период по истите цени.

 

*За хоровите од Македонија - цените за сместување се дадени во евра и треба да се претворат во денарска противредност согласно курсот на Народна Банка.

 

Во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Општина Охрид можно е на почетокот од годината на хоровите од Македонија да им бидат понудени поповолни услови за учество.



 




 

Охридски хорски фестивал, Питу Гули 152, 6000 Охрид, Република Македонија

+389 70 836 696, ohridchoirfestival@yahoo.com

Развој: Александар Ѓорески